Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Русија никогаш немаше да ја нападне Украина доколку тој беше претседател.
Тој, исто така, вети дека „ќе ја реши таа ситуација многу брзо“ доколку биде реизбран, истакнувајќи дека многу добро ги познава рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Русија никогаш не би ја нападнала Украина, јас и Путин одлично се согласуваме… Ситуацијата во Украина е страшна… И планираме да ја решиме многу брзо. Многу добро го познавам претседателот Путин, многу добро го познавам Зеленски, можам да разговарам со нив и многу брзо ќе го решиме овој проблем – рече Трамп во говорот по победата на внатрепартиските избори на Републиканската партија во Ајова.
Тој исто така изјави дека „Израел никогаш немаше да биде нападнат ако тој се уште беше претседател“ и повторно тврдеше дека последните американски избори биле украдени. Вети и дека ќе ја запре „инвазијата“ на мигрантите на границата на САД со Мексико.
Поранешниот претседател вети дека ќе го „среди светот“ доколку биде реизбран, нагласувајќи дека глобалната „смрт и уништување“ никогаш не биле вака.