Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска по разговорите со рускиот претседател Валдимир Путин дека конструктивен дијалог со Русија отвора нов пат кон мирот и дека не гледа причина да верува дека Русија ги хакирала претседателските избори во 2016 година за да му помогне да победи.
На заедничка прес-конференција во Хелсинки тој нагласи дека денешниот состанок е почеток на еден долг процес со силен дијалог со Русија.
– Нашиот однос никогаш не бил полош од сега, изјави Трамп, наведувајќи дека по разговорите што траеја четири часа во Хелсинки, се се променило. Тој оцени дека со Путин е договорено раговорите да продолжат во иднина.
– Путин е добар ривал и тоа е комплимент, изјави Трамп, додавајќи дека дава предност на дипломатијата и ангажманот, а не на конфликти и непријателство. Тој наведе дека со Путин разговарал за наводното мешање во американските избори. Според него, американската истрага за руското мешање е „катастрофа“ за САД.
– Лесно ја победив Хилари Клинтон, изјави Трамп.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во Хелсинки дека Русија никогаш не се мешала во изборниот процес во САД.
– Морав да повторам дека руската држава никогаш не се меша и не планира да се меша во внатрешиот американски изборен процес”.
Тој потврди дека немало „заговор” меѓу неговата кампања и руската влада.
– Разговорите минаа во отворен амбиент. Ги сметам за многу успешни и многу корисни, изјави Путин на прес-конференција по преговорите.
Путин најави дека Студената војна е завршена и САД и Русија треба да ги решаваат проблемите заедно.