Трамп: Кина и Русија не го снабдуваат Иран со оружје

by vlatko 21:01
21:01

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија го снабдуваат Иран со оружје, наведувајќи дека добил уверувања од лидерите на двете земји.

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп напиша дека кинескиот претседател Си Џинпинг, за време на нивната неодамнешна средба во Пекинг, му рекол дека Кина „под никакви околности“ нема да испорачува или продава оружје на Исламската Република Иран, ниту тоа ќе го прават кинеските компании.

„Со оглед на нашиот однос, му верувам на неговиот збор“, напиша Трамп, додавајќи дека прави „многу големи услуги“ за Кина.

Тој наведе дека и рускиот претседател Владимир Путин му порачал оти Москва нема да му продава оружје на Иран.

„Тој разбира дека јас не ѝ продавам оружје на Украина, туку на земјите членки на НАТО. Тие плаќаат полна цена, а каде понатаму ќе биде распоредено тоа оружје, не знам“, напиша Трамп.

Американскиот претседател оцени дека доколку Кина и Русија навистина учествуваат во снабдувањето на Иран со оружје, тоа би било спротивно на нивните интереси.

Слични вести