356
Комитетот на американскиот Конгрес кој ги истражува минатогодишните немири во Капитол официјално го повика поранешниот претседател Доналд Трамп да сведочи во врска со настанот на 6 јануари 2021 година.
„Бевте во средиштето на првиот и единствен обид на кој било американски претседател да ги поништи изборите. Знаевте дека оваа активност е незаконска и противуставна“, стои во поканата, пренесува Аваз.
Според федералниот закон, непочитувањето на поканата од одборот на Конгресот за сведочење или предавање документи е прекршок, за што може да се одреди затворска казна од еден месец до една година. Во тој случај, целиот Конгрес мора да гласа дали да го предаде случајот на Министерството за правда, кое има моќ да покренува обвиненија.