Трамп ќе ги помилува обвинетите за упадот во Капитол, ако стане претседател

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година.

Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.

„Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари“, рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот.

„Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно“, нагласи поранеш ниот американски претседател.

Поврзани новости