Трамп ќе биде лабараториски тестиран за да се види дали Ковид-19 оставил последици

by fokus

Д-р Шон Конли, докторот на американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека Трамп е тестиран негативно на вирусот, и дека не постои повеќе ризик да ја пренесува заразата.

Во лекарскиот извештај се вели дека „повеќе нема докази за активна репликација на вирусот“, и дека „неговото вирусно оптоварување се намалува“.

Според зборовите на Конли, Трамп ќе биде подложен на лабараториски тестирања кои ќе откријат колкав е удделот на вирусот во неговиот организам.

Конли истакна дека Трамп, според критеруимите на Центарот за контрола и превенција на болеста, е безбеден за прекин на изолацијата, и примерокот на ПЦР тестот покажува дека нема повеќе ризик за трансимисија на ризикот кон други лица.

Трамп вчера во Белата куќа одржа говор пред симпатизерите и тоа беше негово прво појавување по пуштањето од болница.

Имаше различни информации за неговата ситуација, од тоа дека е во одлична состојба, до таму дека е критично и ризично.

Претходно Трамп ја откажа втората дебата со неговиот противкандидат Џо Бајден. Тој истакна дека не сака дебата од далечина.

Поврзани новости