Трамп: Канада ќе плати толкава цена што за неа ќе пишува во учебниците по историја

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги удвои планираните царини за канадскиот челик и алуминиум од 25% на 50%, што ja ескалира трговската војна со северниот сосед на САД.

Трамп вели дека зголемувањето на тарифите што ќе стапи на сила во среда е одговор на зголемувањето на тарифите наметнато од провинциската влада на Онтарио за електричната енергија продадена на Соединетите држави.

„Му наложив на мојот секретар за трговија да додаде ДОПОЛНИТЕЛНИ тарифи од 25% на 50%, за целиот челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада, една од нациите со највисоки царини во светот“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.

„Единственото нешто што би имало смисла е Канада да стане нашата сакана 51-та држава. Тоа целосно ќе ги елиминира сите царини и сè друго. На Канаѓаните би им биле значително намалени даноците, би биле побезбедни, воено и во спротивно, од кога било досега, нема да има повеќе проблеми на северната граница, а најголемата и најмоќната нација во светот би била поголема, подобра и посилна од кога било“, напиша Трамп.

„Вештачката линија на поделба нацртана пред толку многу години конечно ќе исчезне, а ние ќе ја имаме најбезбедната и најубавата нација насекаде во светот – и вашата брилијантна химна, „О Канада“, ќе продолжи да свири, но ќе претставува голема и моќна федерална држава во најдобрата нација што светот некогаш ја видел!“ напиша Трамп.

По оваа објава тој имаше уште една во која ја критикуваше зависноста на дел од САД од канадската струја, ја нападна Канада и и се закани дека ќе плати толку висока цена, за што ќе се чита во учебниците по историја.

„Зошто нашата земја би дозволила друга земја да нè снабдува со електрична енергија, дури и за мала површина? Кој ги донесе овие одлуки и зошто? Можете ли да замислите Канада да се спушти толку ниско да го користи електричното напојување, кое толку многу влијае на животите на невините луѓе, како договор и закана? Тие ќе платат финансиски цена за ова, толку голема што ќе се чита за многу години во историјата!“ порача Трамп.

Поврзани новости