632
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја нападна Кина поради пандемијата на коронавирусот, обвинувајќи ја дека нејзината неспособност довела до „масовно убиство ширум светот”.
Трамп на Твитер наведе дека „некој лудак во Кина“, кого не го именуваше, објавил соопштение во кое „ги обвинува сите, освен Кина, за вирусот кој усмрти стотици илјади луѓе”.
– Ве молам објаснете му на овој глупак дека неспособноста на Кина и ништо друго, доведе до ова масовно убиство во светот, напиша Трамп.