Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и главен претседателски кандидат на Републиканската партија за изборите во САД кои ќе се оддржат следната година, вчера формално беше уапсен во државата Џорџија.
Тој вечра вечер се предаде на властите во затворот во округот Фултон во Атланта, главниот град на сојузната држава Џорџија. Трамп (77) беше привремено уапсен под „обвинение за изнуда и заговор“, соопштија од канцеларијата на надлежниот шериф. Дел од формалната процедура што следи потоа вклучува земање на лични податоци и идентификациска обработка.
Трамп беше во затвор 20 минути, а потоа плати кауција и излезе од затвор. Дел од полициската процедура при апсењето е да се направи и фотографија од затвореникот, која Трамп по излегување од затворот ја објави на социјалната мрежа Х, која порано беше позната како твитер.
Со фотографијата тој напиша: „Влијание врз изборите“. Никогаш не се откажувај!”
https://t.co/MlIKklPSJT pic.twitter.com/Mcbf2xozsY
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 25, 2023