Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја назначи портпаролката на неговата кампања Каролин Ливит за портпаролка на Белата куќа, а со 27 години таа ќе биде најмладата портпаролка на Белата куќа во историјата.
– Каролина е паметна, храбра и се покажа како исклучително ефикасен комуникатор. Имам целосна доверба дека ќе биде одличнa на подиумот и ќе помогне да ја пренесеме нашата порака до американскиот народ додека ја правиме Америка повторно голема, рече Трамп во изјавата, пренесе NBC.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум е негов избор за министер за внатрешни работи. Според него, Бургум ќе го води и новоформираниот Национален совет за енергетика, кој ќе се стреми да воспостави американска „енергетска доминација“ низ светот.
Во својата нова улога, Бургум ќе го надгледува тимот кој ги вклучува сите агенции на извршната власт вклучени во енергетски дозволи, производство, дистрибуција, регулација и транспорт, потврди Трамп.
– Овој тим ќе го надгледува патот до американската енергетска доминација и ќе се фокусира на иновациите наместо на долгогодишните, но целосно непотребни регулативи. Како претседател на Националниот совет за енергетика, Бургум ќе има место во Советот за национална безбедност, рече Трамп.