Најавата на Тејлор Свифт за нејзината поддршка за Камала Харис на претседателските избори во САД не му се допадна на Доналд Трамп.
„Ја мразам Тејлор Свифт“, објави денеска поранешниот американски претседател на својата социјална мрежа Truth Social.
Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис за претседател само неколку моменти по завршувањето на претседателската дебата против Трамп. Во објава на Инстаграм, поп-ѕвездата рече дека го направила своето „истражување“.
„Ќе гласам за Камала Харис и Тим Валц на претседателските избори во 2024 година“, напиша таа. Гласам за Камала затоа што се бори за правата и верува дека е потребен воин за да ги одбрани“, се вели меѓу другото во објавата.
View this post on Instagram
Свифт ја објави веста со фотографија на која е со мачка и се потпиша со „Childless Cat Lady“, што е упатување на изјавите на потпретседателскиот кандидат на Доналд Трамп, Џеј-Ди Венс.
Сенаторот од Охајо и десна рака на Трамп, во 2021 година нарече неколку истакнати демократи, вклучувајќи ја и Харис, „куп мачкарки без деца кои се мизерни во сопствениот живот“.
Пејачката додаде дека била делумно мотивирана да ја сподели со јавноста нејзината одлука за гласање на изборите по сликата со вештачка интелигенција на која таа лажно го поддржува Трамп а која беше објавена на неговата веб-страница.
Свифт е една од неколкуте познати личности коија поддржаа Харис, вклучувајќи ги пејачите Џон Леџенд и Оливија Родриго, актерот Џорџ Клуни и режисерот Спајк Ли.
Поранешниот борач Хулк Хоган, ТВ ѕвездата Амбер Роуз и милијардерот Илон Маск го поддржаа Трамп.