762
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД имаат план за спречување на корона вирусот, од кој во Кина досега починаа девет, а заразени се над 400 луѓе.
– Имаме план и сметам дека ќе биде многу добро спроведен. Веќе почнавме. Центарот за контрола на болести е одличен, многу професионален, изјави Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Американскиот претседател верува дека во Кина е се под контрола.
Светската здравствена организација денеска на кризниот самит ќе одлучи дали ќе биде прогласена меѓународна здравствена опасност.