Трамп и Макрон се согласија: Потребна е реформа на СЗО

by Fokus

Американскиот и француски претседател Доналд Трамп и Емануел Макрон во телефонскиот разговор се согласија дека е неопходна реформа на Светска здравствена организација, изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир.

Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за „позитивниот развој на настани во борбата против пандемијата со коронависурост и напредокот за повторно отворање на светската економија“.

Трамп претходно го стопира финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја дека не управува добро со пандемијата и ги промовирала „кинеските дезинформации“ за новиот коронавирус.

Поврзани новости