Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да учествува во три дебати на различни медиуми со неговата демократска ривалка Камала Харис, во септември годинава.
„Еј-би-си Њуз“ објави дека ќе биде домаќин на претседателската дебата на 10 септември и дека и Трамп и Харис се согласиле да учествуваат.
За време на прес-конференцијата Трамп рече дека сака да ги одржи дебатите на 4, 10 и 25 септември, чии домаќини ќе бидат „Фокс“, „Еј-би-си“ и „Ен-би-си“.
Прес-конференцијата беше прво појавување на Трамп во јавноста откако Харис во вторникот го избра гувернерот на Минесота, Тим Валц, за свој потпретседател.
Анкетите покажуваат дека Харис го избриша водството што Трамп го изгради пред претседателот Џо Бајден, а демократите собраа стотици милиони долари од гласачи и големи донатори за само неколку недели.