Трамп го вклучи алармот во Европа: Макрон свика итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон свика итен состанок на лидерите на Европската унија во понеделник во Париз, сето тоа како одговор на најновите случувања поврзани со мировните преговори за Украина.

Оваа информација за Политико ја потврди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за време на говорот на Минхенската безбедносна конференција.

„Многу ми е драго што претседателот Макрон ги покани нашите лидери во Париз. Очекувам европските лидери да разговараат за предизвиците што ги поставува Доналд Трамп на многу сериозен начин“, рече Сикорски.

Тој истакнува дека Трамп има посебен метод на дејствување.

„Русите тоа го нарекуваат „извидување преку борба“ – извидување преку битка. Вие туркате и гледате што ќе се случи, а потоа ја менувате вашата позиција. Мораме да одговориме“, рече полскиот министер.

Не е јасно дали на состанокот ќе бидат вклучени сите лидери на ЕУ или само помала група земји и дали ќе бидат поканети и други европски лидери како британскиот премиер Кир Стармер.

На оваа средба Полска треба да ја претставува премиерот Доналд Туск.

Поврзани новости