Трамп го прекрши протоколот, и сврте грб на кралицата Елизабета Втора

by fokus 12:32
12:32

Американскиот претседател Доналд Трамп не успеа да ги импресионира Британците за време на својата посета на Велика Британија, поради неговата политика и поради начинот на кој се однесуваше со кралицата. Тој неколку пати го прекрши протоколот за време на кратката средба со Елизабета Втора.

Претседателот Трамп со првата дама Меланија Трамп во петокот пристигна во замокот Виндзор за да се сретне со кралицата, станувајќи четвртиот американски претседател што 92-годишната кралица го примила во палатата, но 11-тиот што го запознала за време на своето владеење.

- Advertisements -

Средбата уште во самиот почеток тргна лошо, бидејќи Трамп не ја поздрави кралицата соодветно, со традиционалното поклонување со глава, како што наложуваат официјалните упатства на кралската веб-страница. Меланија, исто така, не го изведе традиционалното женско поклонување со свиткани колена.

Двете правила не се задолжителни, бидејќи во бонтонот се вели дека „други луѓе претпочитаат едноставно да се ракуваат на вообичаениот начин“. Сепак, машкиот поклон со глава и женското поклонување со свиткани колена се сметаат за добри манири и обично се практикувани од функционерите кога се сретнуваат со кралското семејство.

Неколку минути подоцна, Трамп повторно покажа лоши манири, додека ја разгледуваше кралската стража со кралицата. Освен што зачекори пред кралицата, Трамп ѝ го сврте и грбот додека одеа покрај гардистите.

 

Поврзани новости