0
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го пречека британскиот премиер Кир Стармер во Белата куќа, каде што двајцата лидери се ракуваа пред Западното крило и позираа пред камерите пред да влезат во зградата.
Одговарајќи на новинарско прашање дали верува дека може да се постигне мировен договор за Украина, Трамп накратко одговори: „Да“, пишува Гардијан.
Стармер, сепак, не одговори на прашањето за можноста за „безбедносен штит“ – гаранција на САД за давање поддршка на европските сили на теренот во Украина, вклучително и воздушна и логистичка помош.