407
Премиерот Зоран Заев попладнево на својот Твитер профил објави дека телефонски разговарал со американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој му рекол дека ги поддржува реформите во Македонија.
Потпретседателот на САД на премиерот Заев му пренел поздрав од американскиот претседател Доналд Трамп.
-Се слушнав предмалку со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Ги поддржа реформите во Македонија и пренесе поздрав од претседателот Трамп, напиша Заев на Твитер.