Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок

by Фокус

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повика Врховниот суд на САД да го суспендира спроведувањето на федералниот закон за TikTok кој би ја забранил популарната социјална мрежа или би го принудил нејзиниот сопственик да ја продаде.

TikTok и неговиот сопственик ByteDance се борат да ја задржат популарната онлајн апликација во САД, откако Конгресот во април гласаше за забрана, освен ако кинеската матична компанија на апликацијата не го продаде TikTok до 19 јануари, објави Ројтерс.

Тие се обидоа да го поништат законот, а Врховниот суд се согласи да го разгледа случајот.

Поврзани новости