Трамп го потпиша декретот за социјалните мрежи

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја потпиша извршна наредба за ограничување на заштитата на социјалните мрежи од тужби.

Трамп го потпиша указот откако пред два дена ја критикуваше компанијата Твитер, која ги повика корисниците да ги проверат фактите во два твита на американскиот претседател.

Тој првично се закани дека ќе ги затвори социјалните мрежи откако Твитер предупреди дека твитовите на Трамп водат кон дезинформации, а американскиот претседател ја обвини социјалната мрежа дека „ја задушува слободата на говорот“ и „се меша во претседателските избори 2020“.

Со декретот се задолжуваат извршните институции, вклучително и Федералната комисија за комуникации и Федералната комисија за трговија, да испитаат дали на компаниите кои поседуваат социјални мрежи можат да им се воведат нови деловни правила. Експерти од таа област изразија сомнежи дека тоа е можно и без одобрување од Конгресот.

Поврзани новости