Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини сегашниот шеф на државата Џо Бајден дека е виновен за ескалација на насилството меѓу Израел и Хамас.
„Под владеењето на Бајден, светот станува се понасилен и нестабилен, бидејќи неговата слабост и недостиг на поддршка за Израел доведува до нови напади врз нашите сојузници“, наведе Трамп во соопштение.
Тој оцени дека САД секогаш мора да стојат покрај Израел и јасно да кажат дека Палестинците мора да стават крај на насилството, теророт и ракетните напади.
„Кога бев во Белата куќа, бевме познати како претседателство што се залага за мир, бидејќи израелските противници знаеја дека САД стојат цврсто со Израел и дека ќе има брза одмазда ако Израел биде нападнат“, вели Трамп.
Тој посочи дека Соединетите држави мора јасно да кажат дека секогаш силно ќе го поддржуваат правото на Израел да се брани.
„Неверојатно, демократите и понатаму стојат покрај лудиот антиамерикански претставник во Сенатот, Илхан Омар и другите кои дивјачки го напаѓаат Израел додека се наоѓаат под терористички напади“, оцени поранешниот претседател на САД.