Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за амбасадор во Франција

by Fokus

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи њујоршкиот бизнисмен со недвижности Чарлс Кушнер за нов амбасадор на САД во Франција, опишувајќи го како „неверојатен лидер, филантроп и човек кој склучува договори“. Седумдесетгодишниот Кушнер е татко на Џаред Кушнер, кој е женет за ќерката на Трамп, Иванка.

„Неговиот син Џаред тесно соработуваше со мене во Белата куќа. Заедно ќе го зајакнеме партнерството на Америка со Франција, нашиот најстар сојузник и еден од најголемите“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Кушнер е основач на фирмата „Кушнер компанис“, а бил и адвокат. Во 2005, федерална порота го обвини за незаконски придонеси за кампања, даночно затајување и за влијание врз сведоци. Кушнер помина две години во затвор, по што се врати во бизнисот со недвижности. Еден месец пред да му истече првиот мандат во 2020, Трамп го помилува Кушнер.

Поврзани новости