Трамп ги одложи за еден месец царините кон Мексико и Канада

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која привремено ќе се ослободат канадските стоки опфатени со Континенталниот договор за слободна трговија од неговиот тарифен план.

Стоката увезена во САД според Договорот САД-Мексико-Канада ќе биде ослободена од тарифите на Трамп од 25% за еден месец, според наредбата што тој штотуку ја потпиша во Овалната соба. Истите ослободувања ќе важат и за стоките од Мексико.

Сепак, Трамп рече дека сè уште е подготвен да воведе „реципрочни“ царини и за Канада и за Мексико следниот месец, што може дополнително да ги наруши трговските односи на континентот.

„Во овој преоден период, до 2 април, ова ќе биде многу поповолно за нашите американски производители на автомобили“, рече Трамп.

Поврзани новости