Трамп: Една од првите мерки – зголемувањето на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

by Fokus

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека меѓу неговите први економски мерки по неговата инаугурација во јануари ќе биде зголемувањето на царините за производите кои доаѓаат од Кина, Канада и Мексико.

„Една од моите први извршни наредби на 20 јануари ќе биде потпишување на потребните документи за воведување царини од 25 отсто на сите производи што влегуваат во САД од Мексико и Канада“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.

„Оваа одлука ќе остане во сила се додека дрогата, особено фентанилот и сите илегални имигранти не престанат да ја напаѓаат нашата земја“, додаде Трамп.

Во посебна порака тој најави дополнително зголемување од 10 отсто на царините за производите кои пристигнуваат во САД од Кина.

Трамп ја објаснува својата одлука со кризата во САД, која ја поврзува со дрогата и имиграцијата.

За време на кампањата, Трамп најави царини до 60 отсто за одредени кинески производи.

Поврзани новости