5
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изрази загриженост дека може да избие трета светска војна и тоа во наредните месеци.
– Загрижен сум за следните три до четири месеци во смисла дека ќе се најдеме во светска војна поради луѓето што ги имаме во владата – рече Трамп.
Според него, доколку успее да победи на претстојните претседателски избори во САД, тој ќе може да ги реши конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.