Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел, изјави дека Трамп е добро и дека е хоспитализиран од претпазливост.
– Претседателот е фокусиран на работа за американскиот народ. Тој е многу силен лидер. Има само благи симптоми и затоа во јавноста не треба да се поттикнуваат некои приказни што не одговараат на вистината, рече Гренел во изјавата за германскиот дневен весник “Билд”.
– Сето ова што се случува сега околу претседателот Трамп е мерка на претпазливост за да се спречи евентуално влошување на неговото здравје. Многумина се заразени со корона вирус и тоа со благи симптоми. Сепак, има мал процент кои имаат потешка форма на болеста. Затоа се следи состојбата на Трамп , објасни Гренел.
Поранешниот амбасадор на САД во Германија изјави дека Трамп е добро расположен и дека сака да работи, но лекарите не му дозволуваат.