Трамп е отстранет и од гласачкото ливче во Мејн

by Фокус

Државата Мејн го отстрани поранешниот претседател Доналд Трамп од гласачкото ливче на прелиминарните избори во 2024 година. Мејн е втората држава што забрани поранешниот претседател да биде во прелиминарната трка.

Причината за ваквата одлука е улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Од истата причина, во текот на овој месец и Врховниот суд во Колорадо донесе одлука со која го отстрани Трамп од гласачкото ливче на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март.

Кампањата на Трамп соопшти дека брзо ќе поднесе приговор за оваа одлука, а неговите адвокати оспоруваат дека тој учествувал во немири.

Шефот на законодавниот дом на сојузната држава Мејн, демократката Шена Белоус во одлуката вели дека има законска обврска да се придржува до забраната за бунт од 14-тиот амандман и да го отстрани Трамп од примарното гласање.

Поврзани новости