Откако Џо Бајден се откажа од претседателската трка, Доналд Трамп брзо ја оцрни Камала Харис, најверојатниот демократски кандидат за претседател.
Was a wise investment pic.twitter.com/S7C18nDFzA
— Jared Moskowitz (@JaredEMoskowitz) July 21, 2024
Недолго откако Бајден ја објави својата одлука, на социјалните мрежи масовно почна да се шири информацијата дека Доналд Трамп донирал 5.000 долари за кампањата на Камала Харис во 2011 година. И тоа не била неговата единствена донација.
Тој, исто така, донирал 1.000 долари на Харис во февруари 2013 година на почетокот на нејзината кампања за реизбор за државен обвинител. Ќерката на Трамп, Иванка, исто така донирала 2.000 долари на Харис во јуни 2014 година.
Демократскиот конгресмен од Флорида, Џаред Московиц, објави на Твитер слика од чек со донацијата на Трамп за Камала Харис, нарекувајќи ја „мудра инвестиција“.