По напуштањето на Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп однел доверливи документи во својот дом на Флорида, се вели во писмото испратено до Конгресот од Националниот архив и архив на САД.
Станува збор за 15 одземени кутии со документација за кои американскиот архив го известил и Министерството за правда кое ќе покрене истрага.
„Архивите идентификуваа предмети во кутиите означени како доверливи информации за националната безбедност“, напиша Дејвид Фериеро од Архивот на САД во писмо до демократската пратеничка Каролин Малони, претседателка на надзорната комисија на Претставничкиот дом.
Откако Трамп ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година, тој комитет започна истрага за неговото ракување со државните документи за време на неговиот претседателски мандат.
„Овие нови откритија ја продлабочуваат загриженоста поради флагрантното непочитување на Законот за федерални записи од страна на поранешниот претседател Трамп и потенцијалното влијание врз нашите историски записи“, рече Малони.