Трамп до Зеленски: Размислувајте за прекин на огнот и напуштање на окупираните територии

by Fokus

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп му испрати порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски да почне да размислува за порекин на огнот и напуштање на сите територии окупирани од руските војници, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“.

„Убаво е да се каже дека сакате да си ја вратите земјата, но градовите се главно уништени“, вели Трамп за состојбата во Украина.

„Гледате дека во некои од овие градови нема ниту една куќа. Значи, кога ќе речете „вратете ја земјата“… Вратете што? Ова е за реконструкција од 110 години“, додава Трамп.

Украина не сака да се откаже од своите окупирани територии. Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години. Трамп ветуваше дека штом ќе стане претседател, брзо ќе ја прекине војната во Украина.

Поврзани новости