Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Русија „да склучи договор“ за завршување на војната во Украина, порачувајќи дека во спротивно ќе ги заостри санкциите и тарифите против Москва. Но, и против „останатите вмешани земји“, без да наведе кои ги смета како такви.
На социјалната мрежа „Truth social“ напиша дека „не сака да ѝ наштети на Русија“, дека го сака рускиот народ и оти отсекогаш имал добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.
Рече дека не смее да се заборави дека Русија ѝ помогнала на Америка во Втората светска војна, губејќи над 60 милиони човечки животи во тој процес.
„Имајќи го ова во предвид, ќе ѝ направам на Русија, чија економија пропаѓа, а на Путин многу голема услуга. Договорете се сега и запрете ја оваа бесмислена, смешна, војна. Само полошо ќе биде“, нагласи Трамп.