Трамп денес би го победил Бајден

by Фокус

Доколку претседателските избори во САД се одржеа денеска, поранешниот претседател Доналд Трамп би бил поддржан од повеќе гласачи отколку актуелниот претседател Џо Бајден, објави „The Hill”, повикувајќи се на истражување на агенцијата од Харвард CAPS-Harris Poll.

Според анкетата, 48 отсто од луѓето рекле дека би гласале за Трамп, 45 отсто рекле дека би гласале за Бајден, додека другите 7 проценти не одлучиле.

Инаку, Трамп има огромна предност пред сите други републикански претенденти.

Така, за поранешниот американски претседател би гласале вкупно 67 отсто од републиканските гласачи, на второ место е поранешниот потпретседател Мајк Пенс со 9 проценти, а на трето гувернерот на Флорида Рон Десантис со 8 отсто.

Оваа анкета, спроведена од 30 ноември до 2 декември меѓу 1.989 Американци, доаѓа во време кога Бајден се соочува со мноштво проблеми како што се инфлацијата, постојано високите нивоа на нови случаи на Ковид-19 и контроверзното повлекување од Авганистан.

Поврзани новости