Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, во случај на негов реизбор за претседател на САД, новинарот на „Волстрит џурнал“ Еван Гершкович веднаш ќе биде ослободен од рускиот затвор, додека Кремљ негираше дека постои каков било контакт со Трамп.
Evan Gershkovich, the Reporter from The Wall Street Journal, who is being held by Russia, will be released almost immediately after the Election, but definitely before I assume Office. He will be HOME, SAFE, AND WITH HIS FAMILY. Vladimir Putin, President of Russia, will do that… pic.twitter.com/eNJ5fBz6cD
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) May 23, 2024
„Владимир Путин, претседателот на Русија, ќе го направи тоа за мене, но не за некој друг“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, а пренесе Ројтерс.
The @LAPressClub shared this week that Evan Gershkovich, our @WSJ colleague who has been wrongfully detained for 60 weeks, will receive the 2024 Daniel Pearl Award for Courage and Integrity in Journalism.
“Evan’s situation is a stark and painful reminder of just how critical an… pic.twitter.com/5QqNFemg7B
— WSJ Communications (@WSJPR) May 22, 2024
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков негираше каков било договор меѓу Путин и Трамп.
Песков додаде дека контактите за затворените лица не треба да бидат јавни, истакнувајќи дека тие не можат да бидат ефективни на тој начин.
Гершкович (32) е американски новинар кој беше уапсен во март 2023 година и е затворен во затворот Лефортово под обвинение за шпионажа.
Претходно во февруари Путин изјави дека ќе биде можно да се разменат Гершкович и руски државјанин кој е во затвор во Германија за убиство.