Трамп: Ако ме вратите во Белата куќа, повторно ќе бидеме слободна нација

by fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на вчерашниот митинг во Тексас се пожали дека му се отвораат низа истраги и дека е прогонуван со сталинистички методи.

-Од почетокот тоа беше лов на вештерки и лажна истрага една по друга, нешто директно од ужасите на сталинистичка Русија. Но, тие не успеаја. Тие само не направија посилни. И 2024 година е последната битка и ќе биде голема. Ако ме вратите во Белата куќа, нивното владеење со Америка ќе заврши и ние ќе бидеме повторно слободна нација, вели Трамп.

Тој во моментов е под истрага од страна на обвинителите на Менхетен за кршење на законите за финансирање на кампањата бидејќи и платил на порно актерка 130.000 долари за да не зборува за врската со него во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

 

 

Поврзани новости