Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека на своите советници им оставил детални инструкции да го уништат Иран доколку биде убиен во атентат, пренесува АП.
„Ако го сторат тоа, ќе бидат избришани од лицето на земјата“, им рече Трамп на новинарите додека потпишуваше извршна наредба со која и се наредува на американската влада да изврши максимален притисок врз Техеран.
– Оставив инструкции, ако се обидат ќе бидат уништени, ништо нема да остане – рече тој.
🚨BREAKING: Trump says he has left instructions to OBLITERATE Iran if they assassinate him:
“That would be a terrible thing for them to do. If they did that, they would be obliterated. I've left instructions.”
“There would be nothing left.” pic.twitter.com/hFC5Cglnbc
— Benny Johnson (@bennyjohnson) February 4, 2025
Во случај на убиство на Трамп, потпретседателот Џ.Д.Венс би станал претседател, но не мора да биде обврзан со она што му го оставил неговиот претходник.
Федералните власти со години ги следат иранските закани кон Трамп и другите функционери во неговата администрација.
Во 2020 година, Трамп нареди атентат на Касем Сулејмани, водачот на иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда и командант на силите Кудс.
Заканата по животот на Трамп од Иран доведе до засилени безбедносни мерки во деновите пред предизборниот митинг во Пенсилванија, каде Трамп беше застрелан во уво. Меѓутоа, тогаш официјалните проценки беа дека Иран не е поврзан со обидот за атентат. Министерството за правда тврди дека иранските власти му наредиле на Фархад Шакери (51) да се фокусира на следење и на крајот елиминирање на Трамп. Шакери се уште е во Иран.
Инспекторите дознале за планот за атентат на Трамп од Шакери, обвинет ирански оперативец кој отслужувал казна во американските затвори за грабеж и кој, велат американските власти, одржувал мрежа на соработници што Техеран ја користел за следење и нарачани убиства.