482
39-годишен жител на село Двориште, беровско починал вчера, откако паднал со тракторот во провалија и неколкупати се превртел, пренесува МВР.
„На 02.12.2018 година околу 11.45 часот во село Двориште, беровско, З.Ц.(39) од село Двориште, додека управувал трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.