Веќе подолг период во Македонија има високи бројки на заразени пациенти од корона вирус, пандемија која трае од февруари 2020 година.
Универзитетскиот професор по дневна механика, Дејан Трајковски во разговор за „Фокус“ смета пандемијата полека слабее.
„Во моментот имаме промена на сојот, односно во Струмица веќе е секвенциониран „стелт“ потсојот на Омикрон сојот. Со поголема преносливост и непознато дејство на досегашниот стекнат имунитет на корона вируси, најдобро да почекаме уште десетина дена за појасна слика.
Инаку, бројките постепено се намалуваат. Почетокот на второто полугодие во училиштата малку ја поткрена преносливоста, но за околу една недела и тоа би требало да се стабилизира. Предлагам сепак да почекаме уште малку, иако долгорочната прогноза (за следните 1-2 месеци) одат во насока на намалување на дневните броеви на новодијагностицирани“, додаде Трајковски.
Во однос на тоа дали да очекуваме нови силни бранови после патувањата за 8-ми март кои се очекуваат, тој кратко рече:
„Мислам дека овојпат, за разлика од минатите години, населението поседува поголем колективен имунитет, постигнат со прележување и вакцинирање, така што секој следен бран би требало да биде сé послаб и послаб“, анализира професорот.