Трајковски тврди дека законски го рушел Космос, го обвини Цановски за финансиска корист од над 1,2 милиони евра

by Fokus

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, еден од обвинетите во случајот ТНТ, денеска пред судот истакна дека тој законски постапувал при случајот за рушењето на Космос, а за злоупотреба го обвини Фијат Цановски.

-Судот ќе има лесна работа бидејќи од сите докази е видливо и лесно се докажува нашето законско постапување. Ке докажеме дека инвеститерот тоа што го градел го градел со умисла, а со една цел за поголема финансиска добивка за него, истакна Трајковски.

Тој додаде дека Цановски незаконски градел, што доега било утврдено во неколку судски постапки.

-Овој објект беше изграден со недозволена висина од 1,43 метри. Ќе докажеме дека и самиот инвеститор ова наше тврдење го потврдува со повеќе документи кои ги испратија до општината. А, еден од суштинските докази дека гради едно подземно ниво (две наместо три) помалку е барањето за измени во градба, кое го доставува 7 месеци по прекршување на законот. Тоа што го изградил незаконски отпосле бараше да биде одобрено од стручните служби во општината, рече Трајковски.

Тој пред судот појасни и за останати незаконитости кој наводно ги сторил Цановски при изградбата на објектот, кои не биле во соогласност со планот за градба.

Тој додаде дека финансиската корист на Цановски била над 1,2 милиони евра.

-Ако се направи споредба на изградениот објект и планот за градба е лесно видлива разликата, односно еден спрат за подземно паркирање кој што требаше да биде наменет за 192 возила, недостасува, рече Трајковски, кој доде дека ќе направиле 3Д презентација за да и судот јасно ги види отстапувањата.

В.В.

Поврзани новости