Трајковски преминува во банкарскиот сектор

by fokus

Директорот на Дирекцијата за зашитита на личните податоци Горан Трајковски, поднесе оставка од оваа позиција, но негира дека оставката е поврзана со „метлата“ која ја најави премиерот Зоран Заев. Трајковски вели дека функцијата во државна институција ќе ја замени со функција во приватниот сектор.

Според неофицијални информации тој ќе биде новиот генерален директор на Еуростандард банка, на бизнисменот Трифун Костовски.

Како образложение во оставката Трајковски наведува дека си заминува од Дирекцијата поради лични причини.

Поврзани новости