Александар Трајковски е херојот на македонската фудбалска репрезентација, откако синоќа го постигна единствениот погодок при победата на Италија.
Тој вели дека се уште не се свесни за успехот кој го постигнале и верува дека Македонија нема да застане тука и дека ќе продолжи да ја радува целата нација.
„Не сум свесен ниту јас, ниту моите соиграчи не се свесни што направивме вчера. Искрено многу сум среќен, затоа што навистина го заслуживме ова и да се радуваме на еден ваков успех. Се надевам нема да застанеме тука. Веруваме секогаш во нас и нашата верба не награди. Се надевам дека нема да застанеме тука. Не очекува уште една борба и време да се случи чудо. Да испишеме историја и да се пласираме на Светското првенство кое сите го сонуваме. Кога ја видов како доаѓа топката до мене, едноставно со последни сили шутнав и целиот фокус го ставив во тој последен шут. Како да беше судено дека морам да дадам гол на стадионот каде што поминав прекрасни четири години“, вели Трајковски во изјава за ФФМ.