474
Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека опасно би било ако извршната власт ја стави под своја капа и монетарната, односно гувернерот.
-Испаѓа дека ниту еден кандидат за гувернер предложен од Иванов нема да биде прифатен. Небитен е законот, ние сме мнозинство и ние ќе назначиме гувернер. Имајќи предвид каква е консталацијата на институциите и на оваа власт, ставањето под капа и на монетарната власт може да биде опасно. Цел свет и во вакви ситуации протажира поделба на власта, рече Славески.