996
Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии, Трајко Славески денеска е избран за претседател на Советот на Град Скопје.
Славески е избран со 26 гласа „за“. За него, покрај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците/Алтернатива, гласаа и двајцата советници на коалицијата ЛДП/ДОМ.
За изборот на Славески не гласаа советниците од СДСМ, ДУИ и од Зелен хуман град.
Во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, СДСМ 12, ДУИ 5, Левица 4, а по двајца имаат Алијанса за Албанците/Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните кандидати од Зелен хуман град.