Трајко Славески: Дај боже Арсовска да е човек на Груевски

by Fokus

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески во интервју за „Фокус“се осврнува и на владеењето на поранешниот премиер  Никола Груевски, кога еден период беше министер за финансии, пред да биде разрешен…

ФОКУС: Го носи ли партијата сѐ уште товарот на Никола Груевски?
СЛАВЕСКИ: Не поминало доволно време, но мислам дека во добар дел од тој товар партијата е ослободена. Почнувајќи од луѓето, па сѐ до однесувањето. Сите оние шпекулации дека некој управува од некој центар со партијата не се точни.

ФОКУС: Се зборува дека Арсовска е негов човек?
СЛАВЕСКИ: Дај боже да е така. Пред неколку години, поточно 2017 година во првиот состав на Извршниот комитет на партијата по конгресот во Валандово јас влегов по покана на претседателот Мицкоски.

ФОКУС: Значи, тој ве врати во партијата?
СЛАВЕСКИ: Ми понуди, а јас почувствува потреба дека треба да помогнам. Ситуацијата беше слична како во 2002 година, кога партијата беше на колена и изгуби со голема разлика на парламентарните избори од СДСМ. Во таква ситуација се најде и по политичката криза и локалните избори во 2017 година.

ФОКУС: Како помогнавте?
СЛАВЕСКИ: Тогаш, некои видни членови од партијата имаа дилеми во предконгресните активности, не ја поддржуваа процедурата, не го поддржуваа кандидатот Христијан Мицкоски. Јас непосредно потоа имав разговори и некои од нив ме убедуваа дека други ги влечат конците во партијата. Мојот одговор беше, дајте ми еден доказ за тоа, јас 30 секунди нема да бидам таму кај што сум. Сепак, испадна дека сум бил во право.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Ирена Мулачка

Поврзани новости