356
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, порача дека промената на уставот со цел промена на уставното име е срамен и тажен момент во македонската историја.
„Според мене, ова најтажен и најсрамен момент во историјата на Република Македонија со цел да си го промениш името на државата. Името е спомнато во најстариот документ во историјата, Библијата. Името Македонија е историска придобивка на сите. Самот обид за вакво нешто е голем срам за оваа генерација Македонци. Вие подолжувате на сила да ги туркате уставните амандмани, а тоа е показател за уште една манипулација на македонските граѓани. Тие беа уверувани дека нема да има промена на уставното име. А, уште во почетокот спогодбата беше неделовнички поставена“, рече Димков.