Трајчевски: Нема да казнуваме медиуми, упатството за рекламирање ќе го донесеме утре

by Фокус

Изборната кампањата ќе почне вечер, но Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање на изборите во 2020 година ќе биде донесено утре, соопшти директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски на Телма.

-Имавме закажано седница за денеска, во 21 часот, но бидејќи Уредбата излезе во Службен весник во 18:22 часот, седницата е презакажана за утре во 12 часот за да можат службите да го прилагодат Упатството на последната Уредба, а исто така да им биде доставено и на советниците да имаат барем неколку часа да го погледнат пред да го усвојат на седница. Кампањата ќе почне вечер, но упатството ќе биде донесено некаде утре на пладне – рече Трајчевски.

Тој посочи дека нема да ги казнуваат медиумите бидејќи, како што рече, во оваа ситуација најмалку виновни се медиумите за ваквото, според него, несериозно однесување на Владата.

Поврзани новости