Трајанов за софиски „Дневник“: Уставот не може да се менува без реципроцитет од бугарска страна

by Fokus

Северна Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав за вметнување на Бугарите во него, само доколку се додаде и македонското малцинство во бугарскиот Устав, изјави претседателот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов за софискиот весник „Дневник“.

Како што соопшти ДС, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во „вистинска насока“, но со опасни свиоци“, Трајанов одговара на прашањето „како ќе гласа во Парламентот доколку се постави барањето за вметнување на Бугарите во Уставот“, при што тој е дециден дека тоа е можно само со реципроцитет.

Без оглед на фактот дека бугарскиот Устав не предвидува можност за признавање на малцинства, лидерот на ДС смета дека ова прашање може да се реши само со рамноправен пристап на двете страни.

Поврзани новости