Трајанов за „Фокус“: Апсолутно не сме размислувале за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција, најави вчера претседателот на партијата Павле Трајанов по состанокот на Централното собрание во партиското седиште на партијата.

Тој во изјава за „Фокус“ ги повтори нивните ставови зошто донесоа таква одлука.

-Имавме договор за Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока имаше и закон кој помина на собраниските комисии, меѓутоа е блокиран бидејќи претседателот Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа за законските промени.

 

Тоа беше една од најглавните определби. Понатаму, бевме за тоа да има реформи во судскиот систем и во оваа насока имавме закон за преиспитување на факти и докази користени во судски постапки, а сега е блокиран и не се расправа за него“, изјави Трајанов.

Претседателот на ДС додава дека немаат намера да коалицираат со ниту една партија, ниту со ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсолутно не сме размислувале да коалицираме со ниту една партија. Ние ќе ги подржиме евроинтеграциите и сите закони кои се во корист на граѓаните“, вели Трајанов во изјава за „Фокус“.

И.М.

Поврзани новости