Не знам до каде е истрагата на Министерството за внатрешни работи за тврдењето дека во АМкедонија е стигнат шпионскиот софтвер за следење на интернет комуникациите „Предатор3, вели претседателот на демократскиот сокуз Павле Трајанов за „Локално мк“.
Тој како поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен аналитичар на состојбите во безбедносниот сектор и борбата против организираниот криминал и корупцијата, вели дека „Предатор“ е еден од најсовршените системи за прислушување и дека многу тешко се открива.
„Може да се користи и за разузнавачки информации и за политика и за бизнис. Не е лесно да се дојде до него, но штом стигнал до Македонија… За такви системи треба објаснување од експерти по тие работи. Важно е дека бил присутен во државата и МВР рече ќе преземе соодветни мерки. Засега нема информации до каде е истрагата, ни рече Трајанов.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во последните денови обвини дека Оператовно-техничката агенција (ОТА) набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен „Предатор“. Според ВМРО-ДПМНЕ нема законска рамка за следење на комуникциите на сите граѓани со контроверзниот софтвер.
„Овој софтвер кој го поседува ОТА е проблематичен и за самиот НАТО. Користењето на истиот е потенцијална закана за нелегално следење на илјадници граѓани и нивната интернет комуникација. Уште еднаш го повикуваме ЈО, да постапи по нашите барања, а дополнително на тоа да постапи и по најновите индиции“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Обвинувањата продолжија, иако од ОТА демантираа дека имале нацрт договор со Грчката разузнавачка служба за користење на „Предатор“.
„ОТА немала, нема и нема да има пристап до содржината на следената комуникација и незаконско или масовно следење на комуникациите преку ОТА технички не е, ниту ќе биде возможно. ОТА е самостоен и независен државен орган и нејзиното работење нема поврзаност со извршната власт без разлика на нејзиниот состав. Во таа смисла ОТА останува посветена на професионалното работење без било какви влијанија ниту поврзаност со политички интереси и партиски агенди“, соопшти Агенцијата.
Трајанов објаснува дека за наводната соработка со грчката служба можеби има спорни елементи, дека од ОТА кажаа дека тоа е усогласено со Собраниската комисија, која врши надзор на системите за прислушување.
„Сите прашања се отворени и се додека не се случи некој свиркач од овие служби да открие некои системи дека се злоупотребуваат, ќе бидат вакви паушални оценки и зборување без сериозни факти и докази. Треба да се превенира евентуална најава и идеја. Секаде се злоупотребуваат – Грција, Германија, читаме дека многу држави ги контролираат системите за комуникација во другите држави… Се на се ова е исклучително сложема материја. Мора јавноста и парламентот да бидат присутни и да ги отвораат темите, за да не ни се случи афера од големи размери“, заклучува Трајанов.
За обвинувањата на опозицијата за вмешувањето на премиерот Димитар Ковачевски во оваа ситуација, Трајанов вели дека ВМРО-ДПМНЕ има контрола во Комисијата за следење на комуникациите.
„Какви информации имаат, не можам да оценам, но сепак добро е да се актуелизираат ваквите прашања бидејќи ако излезе надвор од контрола и се злоупотребуваат системите, повторно ќе биде мега-афера со посериозни последници. Не знам на кој начин ВМРО-ДПМНЕ ја следела контролата на државните агенции, но и другите партии кои седел од собраниската Комисија. ОТА не би требало да има систем самостојно да дејствува и колку што знам дејствува по наредба на судија. Мислам дека работи професионално“, изјави Трајанов.