Трајанов: Се отвора расправа за една изборна единица

by Fokus

„По повеќе од две години блокада, денес во Парламентот ќе започне расправа по Предлог-измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници“ соопшти пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Тој посочи дека „со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина“.

„Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања. Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува“ вели Трајанов.

 

Поврзани новости