Павле Трајанов, на денешниот партиски конгрес, беше реизбран за лидер на Демократскиот сојуз. Трајанов повика на обединување и формирање на нова политичка сила како одговор на граѓанската определба за политички промени.
– Ние се залагаме за раскрстување и демонтажа на еднопартизмот и олигархиската елита во Македонија. Обидите на некои да не скршат, да не замолчат, да не маргинализираат, пропаднаа. Колку повеќе не притискаат, толку сме поединствени и цврсто определени да предлагаме решенија и да ги движиме и менуваме работите – рече староновиот лидер на ДС.
За фер и демократски избори, според него, потребна е одговорност за сите сторители на тешки кривични дела, ослободување на медиумите, одвојување на партиите на власта од државата, поддршка за СЈО и прочистување на избирачкиот список.